24фудбал

Пике уште сега се предаде: Тешко дека ќе бидеме шампиони, како играме ние и Реал, плус распоредот...

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике крена бело знаменце во трката за титулата во Примера и покрај тоа што до крајот има уште осум кола, не верува дека Реал Мадрид ќе загуби бодови.

Шпанија

„Каталонците“ синоќа одиграа реми без голови против Севиља, па „кралевите“ добија прилика да го зграпчат врвот на табелата со победа над Реал Сосиедад. Откако ќе се доигра ова кола, до крајот на сезоната ќе има уште осум рунди и многу работи можат да се променат, но Жерард Пике е песимист.

Судејќи по партиите кои ги прикажа Барселона и Реал Мадрид по ре-стартот на сезоната, како и распоредот, дефанзивецот смета дека нема шанси да ја одбранат титулата во Примера.

„Ќе биде многу тешко да бидеме шампиони. Ќе сториме се што можеме, но титулата повеќе не е во наши раце. Не верувам дека Реал Мадрид ќе загуби бодови, тешко дека ќе киксираат. Од она што го видовме во последните два-три меча, како и распоредот до крај, мали ни се шансите“ – рече Пике по мечот на „Рамон Санчез Посхуан“.