24фудбал

Борусија Дортмунд се подготвува за заминување на најдобриот десен бек во Бундеслигата, за беспари го донесе Муние

Борусија Дортмунд го ангажираше Тома Муние, репрезентативецот на Белгија ќе пристигне како слободен играч откако ќе му заврши договорот со ПСЖ на крајот од месецот.

Германија

„Милионерите“ се подготвуват за заминување на Ашраф Хакими, кој изминативе две сезони се промовираше во најдобар десен бек во Бундеслигата. Перпективниот Мароканец летово ќе се врати во Реал Мадрид, една опција е да му се стави на располагање на Зинедин Зидан, а втора опција е на направи богат трансфер.

Баерн Минхен се посочува како најсериозен кандидат, а интерес пројавуваат уште неколку клубови, како Интер, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед.

Борусија Дортмунд сака да го врати во своите редови но проблем се 60-те милиони евра кои ги бараат „кралевите“ за разделба со десниот бек.

Па клубот од Сигнал Идуна Парк не сака ништо да ризикува, и за беспари донесе солидна замена. Се работи за Тома Муние, кои ќе пристигне како слободен играч откако ќе му заврши договорот со ПСЖ по крајот на месецот.

„Борусија Дортмунд негува стил на фудбал каков што сакам: вузбудлива, автентична и природна игра. Клубот е познат по ентузијастичните навивачи, и атмосферата на Сигнал Идуна Парк кога гостував со ПСЖ имаше големо влијание врз мојата одлука. Амбициозен сум и сакам да освојувам титули со Дортмунд, како што освојував со Клуб Бриж и ПСЖ“ – вели репрезентативецот на Белгија.