24фудбал

Алиоски влезе и постигна гол, Лидс е осамен на врвот и на добар пат кон Премиерлига (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски влезе од клупата, постигна гол и помогна неговиот Лидс со 3-0 да слави против Фулам, „белите“ сега се осамени на врвот и на добар пат кон Премиерлига.

Македонија

На седум кола до крајот во Чемпионшип, Лидс има осум бода повеќе од третопласираниот Брентфорд. „Белите“ се осамени на врвот на табелата откако попладнево го добија дербито со Фулам со 3-0.

Нашиот Езгјан Алиоски влезе во игра на стартот од вториот дел и помогна неговиот тим да издвојува важна победа.

Македонецот по десетина минути на теренот доби една топка благодарејќи на комичната рекција на последниот ред на гостите, рутински биеше по земја за 2-0 и го постигна голот број 5 оваа сезона.