Категорија: Англија 28.06.2020 21:56
„Граѓаните“ ја заокружија доминацијата на гостите во ФА Купот и вечерва со 0-2 триумфираа на Сент Џејмс Парк против Њукасл. Де Брујне од пенал во првиот дел донесе водство, а Стерлинг во продолжението од мечот ја осигура победата.
Па во полуфиналеот ќе има две супер пресметки. Манчестер Сити ќе се сретне со Арсенал, а Челси ќе ги одмери силите со Манчестер јунајтед.
Мечевите се играат на Вембли на 18 и 19. јули, финалето е закажано на 1. август.