24фудбал

Едвај прифати да си замине од Барса, а сега е импресиониран од условите во Јувентус

Според италијанскиот весник „Тутоспорт“, Артур Мело бил импресиониран од условите во Јувентус, откако имаше прилика да се запознае со тренинг центарот и стадионот.

Италија

Артур и Пјаниќ синоќа во Торино ги поминаа медицинските тестови пред нивната размена. Се вели дека потпишани се и договорите иако засега не се официјално објавени.

Бразилскиот фудбалер потпиша петгодишен договор со годишна плата од пет милиони евра плус бонуси, тоа е двојно повеќе од неговите примања во Барселона.

За разлика од Пјаниќ, Артур имаше шанса да се запознае со условите кои ги нуди неговиот нов клуб, според „Тутоспорт“, Бразилецот го посетил стадионот, тренинг центарот, се запознал со раководството и тренерите. Бил импресиониран од тоа што го нуди италијанскиот тим.

Артур беше најпроблематичната алка од договорот за размената, фудбалерот не сакаше да ја напушти Барселона, но делувал задоволно и возбудено за новата авантура.

Договорот е фудбалерите да останат во своите сегашни клубови до крајот на сезоните кои поради пролонгирањето со коронавирусот се играат и летово.