24фудбал

Еден позитивен случај на коронавирус во најновата рунда тестирање во Премиерлигата

Фудбалските возбудувања на Островот си течат според планот, т.н. „Проект Рестарт“ го отвори патот за враќање на натпреварите, а во меѓувреме и натаму се врши активно тестирање на сиот фудбалски и не-фудбалски персонал во Премиерлигата.

Англија

Еден позитивен случај на коронавирус во Премиерлигата во најновата рунда тестирање, поточно најновата беше вкупно 11-та досега, а во последното тестирање беа вклучени 2,250 тестови.

Според претходно објавениот прокотол кој засега строго се почитува и од самите клубови, особата која излезе позитивна на тестирањето не е именувана, истата ќе биде во самоизолација седум денови.

Досега запишани се вкупно 19 позитивни случаи од 11-те рунди тестирања за коронавирус во Премиерлигата, која се врати на програмата на 17. јуни по пауза од 100 денови поради пандемијата со Ковид-19, а засега планот се одвива според посакуваната програма.