24фудбал

Доколку се соочи со проблемите на Сетиен, Симеоне има решение: Едно кафе, неформален разговор...

Се верува дека атмосферата во соблекувалната на Барселона не е на посакуваното ниво, а Сетиен се соочува со големи негодувања, првично од водечките ѕвезди во составот кој тој го предводи, како Меси и Суарез.

Шпанија

Можеби ремито против Севилја не беше некое големо изненадување, меѓутоа ремито со Селта се чини дека ја прели чашата во Барселона, која на шест кола до крајот на актуелната сезона падна на два бода под својот лут ривал Реал Мадрид.

Речиси и да нема дилеми дека Кике Сетиен се соочува со големи проблеми во својот состав, дополнително се верува дека тој е пред отказ од клупата на Барселона, а на последниот состанок, најгласни биле Лионел Меси и Луис Суарез, двоецот имале забелешки за однесувањето на помошникот на Сетиен, Едер Сарабија, побарале директно да комуницираат со Сетиен, а не со неговите помошници.

Во пресрет на големото дерби вечерва помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, шефот на стручниот штаб на „Јорганџиите“, Диего Симеоне беше запрашан и за актуелната состојба во соблекувалната на Каталонците, одби да ги коментира тие случувања, но потоа за момент посочи како тој би решил сличен проблем во неговиот тим.

Ме знаете мене, јас не коментирам за случувањата во другите соблекувални, давам коментари само за тоа што се случува во нашата соблекувална, треба да внимаваме да бидеме заштитени, секогаш да водиме грижа за тоа и да ги менаџираме чувствата на фудбалерите, што веројатно е најважно за целиот тим“ изјави Симеоне.

Во мојот случај, во мојот тим, најважното нешто за да се менаџира е секако емоционалниот начин, што јас лично го сметам за најважен дел“ додаде популарниот „Чоло“, а запрашан за тоа како би менаџирал слична ситуација како новонастанатата во Барселона, вели дека сето тоа би го решил по природен пат.

Не би ви кажал, а јас истото би го решил по природен пат во нашиот камп, тука мислам на соблекувалната, или тоа би можело да се случи за време на некоја тренинг сесија“ наведе Аргентинецот.

Едно кафе би придонело за решавање на таков проблем, во некој неформален разговор, што воедно би помогнал за да се решат внатрешните проблеми во тимот“ заклучи тој.