24фудбал

Лесно е кога газдата е милијардер: Нема да прифатиме 80 милиони евра од Реал Мадрид зa Камавинга

Новиот спортски директор на Рен, Флоријан Морис вели дека немаат намера да го продадат суперталентираниот Едуардо Камавинга и дури се подготвени да одбијат и 80 милиони евра.

Франција

17 годишното момче важи за еден од најперспективните играчи во Европа, со своите одлични настапи го привлече вниманието на гигантите, Флорентино Перез сериозно загриза и се шпекулира дека е подготвен да плати дури 80 милиони евра за да го донесе младиот Французин во Реал Мадрид.

Од таборот на Рен не сакаат да се разделат со својата млада ѕвезда и новиот спортски директор порача дека фудбалерот од средниот ред не на продажба.

„Никогаш не сме разговарале за заминување на Каванига. Момчето е дел од проектот за следната сезона“ – вели Флоријан Морис.

„Што ако Реал Мадрид ни понуди 80 милиони евра? Одговорот е НЕ. Сакаме тој да продолжи да напредува тука. Секако дека тој има големи амбиции и веројатно има желба да игра во друг клуб, но во моментов е под договор со Рен и ние немаме намера да го продадеме“.

Спортскиот дирекот на Рен веројатно со леснотија може да завземе ваков став бидејќи сопственикот е милијардер и го купи клубот од љубов кон фудбалот и градот а не за да прави пари. Се работи за Франсоа Пино, чие богатство се проценува на над 30 милјарди долари.