24фудбал

Прекрасен гол на Роналдо, уште поубав на Даглас Коста, Јуве лесно ја победи Џенова (ВИДЕО)

Јувентус рутински со 3-1 победи на гостувањето кај Џенова, Пандев го одигра финишот од мечот, неговиот тим ја продолжува грчевитата борба за опстанок.

Шпанија

Јувентус ја оправда фаворитската улога во Џенова и лесно дојде до трите бода иако во првиот дел не успеа да го скрши отпорот на домаќините.

Резултатот беше отворен во 50. минута кога Дибала постигна убав гол за водство на Јувентус од 1-0.

Седум минути подоцна, Кристијано Роналдо од далечина испука вистинска помба во мрежата на Перин и зголеми на 2-0.

А во 73. минута следуваше уште подобар гол, овој беше во режија на Даглас Коста кој прекрасно пласираше во аголот за 3-0.

До крајот на мечот Џенова успеа само да постигне почесен гол преку Пиамонти во 76. минута.

Горан Пандев во игра влезе во 77. минута од натпреварот.

Доколку утре Лече ја победи Сампдорија, Џенова може да падне и во зоната за испаѓање, Јувентус останува на врвот со четири бода пред Лацио кој претходно со пресврт го совлада Торино со 2-1.