24фудбал

ВАР, пенал и гол на Рамос: Реал на сличен начин два пати победува за четири дена (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 0-1 славеше на незгодното гостување кај Атлетик Билбао, Серхио Рамос со гол од пенал донесе нова победа и +7 на врвот на табелата.

Шпанија

„Кралевите“ сигурно чекорат кон титулата од Ла Лига, попладнево стигнаа до три бода на незгодното гостување во Баскија. Реал Мадрид го препиша рецептот од дуелот со Хетафе, па и денеска стигна до триумф со пенал и гол на Серхио Рамос од белата точка.

На средината од второто полувреме, судијата доби повик од ВАР собата да анализира еден старт над Марсело, и по прегледувањето на снимките, беше досудена најстрога казна.

Серхио Рамос превземе одговорност и погоди за 0-1 и нова минимална победа со која Реал Мадрид сега има +7 на врвот на табелата.