24фудбал

Има ли двојни аршини? Зошто Реал доби пенал а ВАР остана нем за пенал во корист на Атлетик? (ВИДЕО)

Реал Мадрид забележа уште една победа со помош на ВАР и пенал, па одново се разви дебатата дека „кралевите“ добиваат помош од судиите.

Шпанија

Избраниците на Зинедин Зидан сигурно чекорат кон нова титула откако по ре-стартот на сезоната редат само победи. Сепак, на овие мечеви имаше многу одлуки во корист на Реал Мадрид, па од таборот на Барса обвинија дека „кралевите“ добиваат помош од судиите.

Без контроверзии не помина ниту денешната победа од 0-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Со помош на ВАР беше досуден пенал, а Рамос погоди од белата точка за 0-1.

Спорно е тоа што на спротивната страна, Рамос го нагазна Раул Гарсија, но ниту судијата се огласи ниту пак од ВАР собата сметаа дека има најстрога казна, па ова разви голема дебата.

Поранешниот судија Андухар Оливер за Марка вели дека стартот на Серхио Рамос не бил пенал бидејќи немало намера од страна на дефанзивецот на Реал.

Едуардо Итуралде пак за АС вели дека тој не би свирнал пенал за стартот на Серхио Рамос бидејќи немало намера, но додава дека според правилата мора да се санкционира ваков старт и бил направен голем превид.

Двајцата пак немаат дилеми дека имало чист пенал за стартот над Марсело.