24фудбал

Чешмеџиев се сели во БиХ, потпишува за Вележ

Македонскиот дефанзивен фудбалер кој си замина од Шкендија, Константин Чешмеџиев кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина, во тимот на Вележ.

Македонија

Иако имаше понуда за продолжување на соработката со Шкендија и интерес од други македонски клубови, Чешмеџиев одлучи кариерата да ја продолжи надвор од Македонија.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија утре ќе замине во Босна и Херцеговина каде треба да стави потпис на договор со Вележ.

Чешмеџиев кариерата ја почна во Работнички, а играше уште и за Пелистер, Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкендија.