24фудбал

Вознемирувачко: Објавена снимка кога рускиот голман го погоди гром (ВИДЕО)

За време на еден тренинг на третолигаш се случи трагичен настан во фудбалска Русија, љубителите на фудбалот во исчекување на позитивни вести за момчето кое е на интензивна нега и се бори за живот.

Останато

Младиот Иван Заборавскиј е на интензивна нега, а воедно и во критична состојба се бори за својот живот откако гром удри директно во него за време на тренинг во Москва, во најстариот активен руски фудбалски клуб Знамја Труда.

Во меѓувреме се појави и снимка од немилиот настан, по што 16 годишниот талентиран голман веднаш беше префрлен на интензивна нега, во моментов се бори за својот живот.