24фудбал

Анонимен клуб од Луксембург добро се „офајди“ од трансферот на Пјаниќ во Барселона

„Калчо е Финанса“ и „ЦИЕС Фудбалска Опсерваторија“ пресметаа колку ќе изнесува сиот колач кој ќе го поделат претходните клубови каде настапуваше Босанецот, интересно е тоа што еден доста анонимен клуб од Швајцарија ќе добие прилично добра сума од износот.

Останато

Медиумите најавија од пред извесен период дека се крчка трампа помеѓу Јувентус и Барселона за Артур Мело, односно Миралем Пјаниќ, а тие најави се остварија и официјално, а сега на сцена излегуваат повеќе детали од таа зделка.

30 годишниот Босанец ќе се префрли во редовите на Барселона по крајот на актуелната сезона, а неговиот трансфер ќе ги чини Каталонците 60 милиони евра, за десет милиони повеќе во обратен правец заминува Мело.

Во Италија известуваат за тоа дека четири клубови ќе добијат дел од колачот од трансферот на Пјаниќ во редовите на Каталонците, меѓу нив и еден сосема анонимен клуб за пошироката фудбалска јавност.

Генерално, вкупната сума изнесува 3 милиони евра, а во однос на регулациите на „ФИФА“ за солидарната распределба на средства, поточно солидарниот фонд, односно за улогата на претходните клубови во развојот на самите фудбалери.

Трите милиони евра ќе бидат распределени низ четири клубови, од кои најголем ќар ќе има француски Мец (1.05 милион евра), потоа следи Рома (600,000 евра), па Олимпик Лион (900,000 евра), а интересен е фактот што 450,000 евра ќе легнат на сметката на Шифланж, еден доста анонимен клуб за јавноста, инаку од Луксембург.

Нешто повеќе за второлигашот од Луксембург, инаку станува збор за клуб каде Пјаниќ ги имаше своите први почетоци во раната возраст, токму во тој клуб го градеше својот талент од 1997. до 2004. година, по што на 14 годишна возраст се сели во Мец, за по три години во тој клуб да следи трансфер во Лион, па Рома, од каде премина во редовите на Јувентус, за сега да потпише за Барселона.

Интересен е делот во кариерата на Пјаниќ, каде има настапувано за младинските селекции на Луксембург за фудбалери до 17, односно 19 годишна возраст, за веќе во 2008. година да почне со настапи за Босна и Херцеговина.