24фудбал

Фрустрациите на дело, дефанзивецот на Лацио гризна фудбалер на Лече (ВИДЕО)

Лацио е се подалеку од Скудетото, па фрустрациите почнаа да работат, дефанзивецот Патрик го гризна Џулио Донати од Лече и доби црвен картон.

Италија

Лацио имаше само еден бод заостанување кога Серија А беше прекината поради пандемијата на коронавирус, па „бјанкочелестите“ беа најгласни за што поскоро враќање на терените и ре-старт на сезоната.

Но откако топката продолжи да се тркала во Италија, Лацио за кратко време го загуби здивот во трката за Скудетото. Вечрва на големо изненадување избраниците на Инзаги загубија од Лече, екипа која за последен пат победи во февруари.

Па фрустрациите почнаа да работат, дефанзивецот Патрик имаше неспортски потег во финишот од мечот и го гризна Џулио Донати од Лече. Луѓето во ВАР собата го забележаа срамното однесување, па Шпанецот доби црвен.