24фудбал

Несторовски си оди од Удинезе, би можел да игра за клубот на Берлускони

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски ќе го напушти Удинезе по крајот на сезоната, за него интерес има од неколку клубови.

Италија

Според „Калчомеркато“, Несторовски нема да игра и втора сезона во Удинезе. Македонецот не успеа да се наметне како важен играч од првиот тим, стартуваше на 11 меча, одигра вкупно 21 натпревар во Серија А.

Неколку клубови се интересираат за него, а еден од нив е амбициозната Монца која ја водат Силвио Берлускони и Адриано Галијани. Тие оваа година изборија пласман во Серија Б, а амбициите ќе им бидат високи следната сезона, веројатно пласман во Серија А.

Интерес за Несторовски има и од Бреша која оваа сезона ќе испадне од Серија А. Тие ќе се ослободат од Балотели, а ќе си замине и Донарума, па имаат потреба од засилувања во офанзивната линија.

Можеби најдобра опција за Несторовски би бил трансфер во Кротоне кој исто така стои во редот за неговите услуги. Овој тим во моментов е втор на табелата во Серија Б со реални шанси за пласман во елитата иако битката таму е неизвесна. 

Последниот клуб кој се споменува како заинтересиран за Несторовски е Фросиноне, кој е во горниот дел од табелата во Серија Б исто така со амбиција за пласман во Серија А.