24фудбал

На Реал му дојде преку глава од однесувањето на Јовиќ, клубот прибира понуди за негова продажба

Кратко ќе трае авантурата на Лука Јовиќ во Реал Мадрид, клубот планира да го продаде 22-годишниот напаѓач уште ова лето.

Шпанија

Првата идеја на Реал Мадрид беше да го пушти Јовиќ на позајмица во следната сезона, но последните однесувања на српскиот фудбалер го предомислија раководството кое сега прибира понуди за негова продажба.

Лука Јовиќ не се снајде најдобро на теренот, а уште поголем проблем е неговото однесување кое е многу несериозно за играч кој го носи дресот на Реал Мадрид.

Настапи на вкупно 25 натпревари, на осум беше стартер, вкупно одигра 770 минути и постигна само два гола.

На почетокот од пандемијата на коронавирус, Јовиќ се врати во Србија и ги прекрши мерките за самоизолација по што беше мета на критики на српската јавност, веста за неговото однесување стигна до Шпанија.

Во Мадрид се врати повреден, а потоа се појавија слики како со Максимовиќ од Хетафе и Шапоњиќ од Атлетико и други луѓе прави скара во својот дом во време на коронавирус.

Тамам се опорави од повредата, повторно направи глупост. Бил на гости кај пријател кој се покажа дека бил заболен од коронавирус, па сега Јовиќ ќе мора да оди во самоизолација од седум до 14 дена.

Наместо напаѓач кој ќе стане значаен за иднината на Реал Мадрид, Јовиќ стана едно од поголемите разочарувања во клубот.