24фудбал

Реал Мадрид реди победи по рестартот на сезоната, осми триумф по ред (ВИДЕО)

Реал Мадрид маршира кон титулата во Примера, кралскиот клуб со 2-0 го победи Алавес и на три кола до крајот има четири бода предност пред Барселона.

Шпанија

Фудбалерите на Зинедин Зидан имаат перфектен учинок по рестартот на сезоната, ја забележаа осмата победа во осмиот натпревар.

Овој пат беа подобри од Алавес. Резултатот го отвори Бензема од пенал во 11. минута, вториот гол беше дело на Асенсио во 50. минута од мечот.

На три кола до крајот на сезоната во Примера, Реал Мадрид има четири бода пред Барселона.