24фудбал

Мурињо си имал подготвено алиби за евентуален пораз, во три различни интервјуа кажа една иста работа

Жозе Мурињо се радува на првата победа во дербито на Северен Лондон откако Тотнем со 2-1 го совлада Арсенал, но Португалецот се чини дека имал подготвено алиби за евентуален пораз, па во три различни интервјуа посочи дека „топчиите“ имале 48 часа повеќе одмор.

Англија

Во последно време, Жозе Мурињо секогаш си има „дежурен виновник“ и постојано некој му е крив за лошите резултати. Тотнем овој викенд славеше, со 2-1 го доби дербито на Северен Лондон, но се чини дека Португалецот имал подготвено алиби за евентуален пораз.

Тој во три различни интервју посочи дека „топчиите“ имале 48 часа повеќе одмор.

„Беше навистина, навистина топло. Мислам дека за време на натпреварот никој не мислеше на ова, дури ниту јас, но Арсенал одмараше 48 часа повеќе од нас. Па беше навистина тешко. Мислам дека играчите победија со срце, имавме целосна контрола во финишот, противникот не успеа да ни создаде ниту еден проблем“ - рече Жозе Муроњо во разговор со Скај Спортс.

„Морам да им честитам на момците, имавме 48 часа помалку од ривалот да се подготвиме за дербито и мислам дека тоа не е фер. Но и покрај тоа, фудбалерите беа фантастични и заслужено победија“ - изјави португалецот за БиБиСи.

Сличен беше тонот и во разговорот за веб страната на Тотнем: „Пред почетокот на мечот им кажав на играчите дека треба да влеземе во кожата на навивачите за да победиме, дека мора да се борат како што би се бореле навивачите на Тотнем за победа. Никој не разбира дека имавме 48 часа помалку одмор од Арсенал, но и покрај тоа момците се бореа од прва до последна минута, одигравме одлично“.