24фудбал

Трагедија во Тулуз: Братот на Орие утринава бил убиен пред ноќен клуб!

Братот на ѕвездата на Тотнем, Серж Орие утринава бил смртно застрелан со пиштол пред ноќен клуб во Тулуз, убиецот е во бегство.

Франција

Околу пет часот утринава, братот на Серж Орие, Кристофер бил убиен пред ноќен клуб. Убиецот е во бегство.

Француските медиуми пренесуваат дека по истрелите локалните жители пријавиле дека маж лежи на подот, пристигнала брза помош на местото на настанот, братот на Орие веднаш бил префрлен во болница, но таму само констатирале смрт.

Полицијата започнува истрага за трагичниот настан. Мотивите за убиството се уште не се познати.

Кристофер Орие исто така бил фудбалер, настапувал во петтата француска дивизија за клубот Тулуз Родео.

И тој како и неговиот брат Серж излегол од младинската школа на Ленс, но не успеал да го достигне нивото на брат му.

Трагичната вест силно е голем удар за Серж Орие кој веројатно ќе отсуствува на следните натпревари на Тотнем.