24фудбал

Расистички навреди и закани кон Заха, навивачот кој е уапсен јавно се извини до него (ФОТО)

На мечот помеѓу Астон Вила и Кристал Палас кој домаќините го добија со 2-0 му претходеше скандал на социјалните мрежи кој донесе вознемиреност кај јавноста на Островот, дополнителен проблем е поради фактот што се работи за 12 годишно дете.

Англија

12 годишно дете, инаку навивач на Астон Вила е уапсено откако на социјалните мрежи упати расистички навреди кон првата ѕвезда на Кристал Палас, Вилфред Заха во пресрет на вчерашниот дуел помеѓу обете екипи.

Настанот предизвика бурни реакции на Островот, а во двете пораки кои фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ги добил, има и закани по неговиот живот, доколку погоди против Астон Вила.

Подобро да не погодиш утре ти црн ...“ гласеше едната порака по објавата на Заха во која наведе дека се разбудил за овој ден, за следната порака на младиот навивач на Астон Вила да гласи „или јас ќе дојдам во твојот дом облечен како дух“.


Нешто подоцна, детето јавно упати извинување до самиот Заха, објавувајќи фотографија од дел од фудбалерите на Астон Вила како се клекнати на колена пред самиот старт на мечот со Кристал Палас кој го добија со 2-0, а таквото традиционално клекнување на колена пред секој меч фудбалерите во Премиерлигата го прават со цел да упатат јавна поддршка за движењето „Животот на црномурестите е важен“.