24фудбал

По многуте критики, „Ковид-брејк“ од идната сезона нема да се користи во Премиерлигата

По нови правила, англиската Премиерлига се врати на програмата на радост на многу љубители на фудбалот ширум светот, а мини-паузите во двете полувремиња за време на натпреварите наиде на одредени критики на јавноста.

Англија

Паузите на половина од секое полувреме во Премиерлигата, или популарни како „Ковид-брејк“ нема да се користат идната сезона, барем така најавува „Д Атлетик“.

„Ковид-брејк“ беше воведен како одреден одмор за фудбалерите за време на натпреварите поради паузата од цели три месеци поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, меѓутоа многумина најдоа забелешки поради начинот на кои истите беа користени.

Во моментите кога се одржуваа истите паузи, на официјалните лица им беше овозможено да извршат и дезинфекција на одредени делови од терените, односно на конструкцијата од головите, корнер знаменцата како и топките.

Како и да е, фактот што немаше тренер во Премиерлигата кој одморот на фудбалерите го искористи за совети до своите фудбалери, наиде на критики од јавноста, па т.н. „Ковид-брекј“ речиси сигурно е дека нема да се користи од идната сезона која е предвидено да стартува веќе во септември.