24фудбал

Реал Мадрид го пушти Лука Јовиќ на тренинг по три негативни теста

Лука Јовиќ утрово трeнираше со преостанатиот дел од тимот на Реал Мадрид па ќе биде во комбинација за последните два меча од сезоната.

Шпанија

Србинот доби забрана да се појави на тренинг откако на гости во Мадрид му дошол другар од Белград кој е позитивен на коронавирус.

Откако ги прескокна мечевите со Алавес и Гранада, напаѓачот по дури три негативни теста доби дозвола да се врати и утрово тренираше со преостанатиот дел од тимот на Реал.

Па Лука Јовиќ ќе му се стави на располагање на Зинедин Зидан за последните две кола од Ла Лига. „Кралевите“ се на прагот на титулата, потребна им е само уште една победа, а работа ќе завршат и два нерешени резултати.