24фудбал

Не го имаа ни една сезона, а Интер сака да го продаде Ериксен

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер е подготвен да го продаде Кристијан Ериксен доколку добијат понуда за него од околу 60 милиони евра.

Италија

Ериксен во јануари пристигна во Интер од Тотнем за сума од 20 милиони евра.

Но, Данецот не се вклопи како што посакуваше, на мечот со Торино во понеделникот беше на клупата за резерви.

Антонио Конте по мечот немаше позитивни зборови за Ериксен, го потсети фудбалерот дека не игра веќе во Англија и треба да се прилагоди на фудбалот во Италија.

Уште кога пристигна Ериксен, се зборуваше дека Конте никогаш и не го посакувал 28-годишниот фудбалер, тој го преферирал Артуро Видал.

„Спорт Медиасет“ пишува дека Интер би можел да се раздели со Ериксен уште во јануари доколку добијат понуда од 60 милиони евра.

Тоа ќе значи дека тие ќе направат профит од 40 милиони евра од неговиот трансфер, па тој нема да биде оценет како лош потег на раководството.