24фудбал

Клоп: Арсенал не креираше ниту една шанса... имавме 24 наспроти 3 шута, тоа е неверојатно

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговите фудбалери земале одмор по водството од 0-1 на Емирати и додава дека со грешките кои ги направија Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер не може да се победи.

Англија

„Црвените“ нема да можат да го стигнат рекордот на Манчестер Сити од 100 бода откако синоќа загубија на Емирати со 2-1. Избраниците на Јирген Клоп беа подобар противник, поведоа со 0-1, но по катастрофалните киксови на Вирџил ван Дајк и Алисон Бенкер, Арсенал направи пресврт и на крајот славеше со 2-1.

„Во два наврати имавме огромен недостаток на концентрација, земавме одмор по водството од 0-1. На моменти бевме брлијантни, имавме 24 наспроти 3 шута, тоа е неверојатно. Но тие два моменти го убија мечот, не можете да победите кога примате такви голови. Мораше да бркаме резултат во второто полувреме, го сторивме тоа но на крајот моравме да се помириме со пораз. Арсенал не креираше ниту една шанса, третиот шут беше кон крајот на мечот, ништо посебно“ - вели тренерот на Ливерпул.

„И претходно сме знаеле да имаме несмасни потези, но обично противникот не не казнувал. Вечерва бевме казнети и тоа е добро, ќе извлечеме поука, ќе научиме нешто“.

„Знам како звучи и што луѓето ќе си помислат, но имавме добар меч, упативме 24 удари, што можете да побарате повеќе? Секако, да ја погодевме целта уште некој пат ќе беше од помош“.

„Арсенал знаеше да ги искористи подароците, мислам дека не не принудија на грешките, но беа на право место, ги искористија и затоа изгубивме“.