24фудбал

Наполи: Ова е фудбалот што сите го сакаме (ФОТО)

Од италијанскиот вицепрвак ги стоплија срцата на многу љубители на фудбалот по пораката која ја испратија на социјалните мрежи.

Италија

Болоња и Наполи одиграа реми со резултат 1-1 во рамките на 33. коло во италијанската „Серија А“, меѓутоа резултатот остана во втор план по тоа што се случи на клупата на стручниот штаб на домаќините, каде љубителие на фудбалот имаа можност да видат преубава слика.

Предводникот на Болоња, Синиша Михајловиќ, како и неговиот ривал од спротивниот табор, Џенаро Гатузо седнаа заедно, откако вториот се реши да го придружи својот голем пријател кој се соочи со големи здравствени проблеми, меѓутоа засега состојбата му е добра.

Ова е фудбалот што го сакаме“ напишаа од Наполи во објавата на социјалните мрежи, а пораката примами голем број љубители на фудбалот да го поздрават овој прекрасен гест.

Кога сме веќе кај Болоња и Наполи, Болоња со 43 бода е на средина од табелата, поточно на десеттото место, од друга страна пак Наполи со 53 бода е на делба на петтото место на табелата заедно со Милан, Рома има предност од четири бода.

Нашиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас на гостувањето кај Болоња одигра 69 минути, а до тие моменти гостите имаа минимална предност.