24фудбал

Наместо во Барселона, Лаутаро се сели во Премиерлигата?

Реални се шансите Лаутаро Мартинез да го напушти Интер ова лето, но Барселона не е единствениот заинтересиран за него, се шпекулира дека Манчестер Сити во него гледа долгорочна замена за Кун Агуеро.

Англија

Откако Судот за спортска арбитража им ја укина забраната за настап во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола ќе премине кон реновирање на тимот на Манчестер Сити.

Негова желба за нападот е Лаутаро Мартинез кој од поодамна е мета на Барселона. Пеп во Лаутаро гледа долгорочна замена за Серхио Агуеро.

22-годишниот Аргентинец одбива да потпише нов договор со Интер, негова желба веројатно е да замине во тим кој ќе биде конкурентен за најголемите титули.

Барселона вообичаено се ценка кога купува скап фудбалер и сака колку што може поевтино да дојде до услугите на Лаутаро, па предноста на Манчестер Сити може да биде во понудата која би требало да биде попримамлива за Интер.

Лаутаро Мартинез во договорот со Интер имаше откупна клаузула од 111 милиони евра но таа сега е минато. Се верува дека би можел да биде продаден за 80-90 милиони евра.

Покрај Лаутаро, Пеп Гвардиола ги посакува и Кулибали од Наполи и Алаба од Баерн Минхен.

Раководството на Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со Гвардиола, а ќе го примами со обезбедување на голем трансфер буџет.