24фудбал

Манчестер јунајтед му ја соопшти цената на Интер за Санчез

Според италијанските медиуми, Манчестер јунајтед му ја соопштил цената на Интер за откуп на Алексис Санчез.

Англија

„Газета дело Спорт“ пишува дека Манчестер јунајтед бара околу 20 милиони евра за Алексис Санчез, тоа е сумата која треба да ја плати Интер за да го направи договорот перманентен.

По рестартот на сезоната Санчез покажува знаци на враќање на формата, во седум настапи постигна еден гол и имаше пет асистенции.

Весникот смета дека Санчез направил доволно за да заслужи перманентен договор со Интер. Тој сака да остане во Милано повеќе отколку да се врати во Англија.

Останува раководството на Интер да одлучи дали ќе сака да го задржи на перманентна основа.