24фудбал

Тебас одново го критикува Перез: Не може претседателот на Реал 20 минути по крајот да се јавува и да бара пенал

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас одново упати критики до Флорентино Перез и повикот до претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија по само 20 минути по крајот на натпреварот за да се пожали од судиските одлуки.

Шпанија

По ре-стартот на сезоната во Шпанија, ВАР честопати беше во фокусот, оредени тимови се жалеа дека се оштетени, меѓу нив беше и Барселона. „Каталонците“ обвинија дека Реал Мадрид добивал помош и затоа „кралевите“ се на пат кон титулата.

Свој коментар даде и првиот човек на Ла Лига, кој посочи дека работите се смениле откако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му се јавил на претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес.

Во разговор со ЕСПН, Хавиер Тебас сега вели дека Реал Мадрид заслужено е на врвот, но одново упати критики за Флорентино Перез.

„Добро ќе го простудираме ВАР и одлуките. Видете, Реал Мадрид ќе биде шампион поради тоа што одигра неверојатно добро по ре-старт на сезоната, а не поради тоа што добивал помош од ВАР. Но мора да се направи анализа, не само на одлуките на мечевите на Реал Мадрид. Критики какви што имаше на натпреварите на Реал, имаше и на многу други натпревари. Ова не е добро, па ќе мора да седнеме и да разговараме што се промени од минатата сезона до оваа“ - вели Тебас.

„Но секако, не можете да се јавите кај претседателот на ФФШ и да се жалите, без разлика дали сте претседател на Реал Мадрид, на Леганес или клуб од втора лига. Едноставно недозволиво е да се јавите по само 20 минути по крајот на натпревар кој бил прилично тензичен и да прашате зошто не ви досудиле пенал“.