24фудбал

Михајловиќ: Гасперини има среќа што не го впери прстот кон мене, инаку ќе останеше без него (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ и Џан Пјеро Гасперини имаа жесток дуел крај аут линијата за време на мечот меѓу Аталанта и Болоња, а Србинот не беше нежен со коментарите ниту по мечот.

Италија

Двајцата тренери си разменија неколку сочни навреди за време на мечот, Михајловиќ доби жолт картон, а Гасперини беше исклучен.

„Ако јас имам проблем со неговата клупа, ќе зборувам со него, треба да биде и обратно така. Не би седел мирен ако некој ми ги навредува луѓето на мојата клупа, а да не ми каже прво на мене“, вели Михајловиќ.

„Тоа е недостаток на почит и не е добро. Не можете да се осмелите да ја навредувате мојата клупа, во спротивно ќе ме налутите и ќе настане неволја. Не го вперувајте прстот кон мојата клупа. Доколку тој го впереше прстот кон мене, можеби немаше да го има веќе“.

„На натпреварите без публика слушате се, но јас не одам на противничката клупа и не им велам да замолкнат. Јас сум одговорен за мојата клупа, па ако Гасперини има нешто да каже, треба да ми го каже мене“.