24фудбал

Еврoгол на Чалханоглу, Милан и Аталанта ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Милан и Аталанта одиграа 1-1 на Сан Сиро, Чалханоглу со еврогол го отвори резултатот, Дуван Запата одговори дваесет минути подоцна.

Италија

Во дуел на двете екипи кои немаат пораз по ре-стартот на фудбалот во Италија, Милан и Аталанта ги поделија бодовите.

Резултатот беше отворен во 14. минута, Чалханоглу од слободен удар постигна еврогол за 1-0.

На спротивната страна, еден неспретен старт на Биља им даде шанса на гостите да изедначат од пенал, но Малиновски лошо биеше а Донарума одбрани.

Сепак, во 33. минута, Запата се најде во гол шанса по една одбиена топка и реализираше за 1-1.

Во продолжението од мечот, двете екипи се обидоа да стигнат до трите бода, најблиску беа домаќините, Бонавентура ја погоди стативата.