24фудбал

Доминацијата продолжува: Јувентус го освои деветтото Скудето по ред! (ВИДЕО)

Јувентус ја победи Сампдорија со 2-0 и на две кола до крајот ја освои деветтата титула во Серија А по ред, вкупно 36та.

Италија

Уште една моќна сезона на Јувентус во Серија А, фудбалерите на Сари се радуваат на ново Скудето, девето по ред.

За вечерва да ја завери титулата на Јувентус му беше потребна победа над Сампдорија, мисијата беше успешно остварена, триумфираа со 2-0.

Резултатот беше отворен длабоко во судиското продолжение од првото полувреме кога Пјаниќ од слободен удар додаде до Роналдо а тој постигна гол за водство од 1-0.

Во 67. минута Бернанрдески го зголеми резултатот на 2-0. Во финишот од мечот можеше да биде и 3-0, но Роналдо не реализираше пенал, ја погоди пречката.

Дамка во победата беа повредите на Данило и Дибала кои во текот на првото полувреме го напуштија мечот.

Јувентус стана првиот тим кој освоил девет домашни лига титули по ред во најдобрите пет лиги.