24фудбал

Фергусон го прогласи Клоп за тренер на годината: Ти простувам што ме разбуди во 3 ипол наутро... (ВИДЕО)

Јирген Клоп е прогласен за тренер на годината во изборот на асоцијацијата на тренери, веста ја соопшти Сер Алекс Фергусон кој откри дека добил повик од Германецот во 3 ипол наутро.

Англија

По пауза од 30 години, Ливерпул е шампион на Англија па сосема заслужено, индивидуалните награди завршија на Енфилд. Џордан Хендерсон пред неколку дена беше прогласен за играч на годината, а сега Јирген Клоп е прогласен за тренер на годината, трофеј кој го носи името на Сер Алекс Фергусон.

Вестите ги соопшти токму легендарниот Шкот, кој му честиташе на Германецот и откри дека добил повик во 3 ипол наутро.

„Јирген, фантастично. Лидс дури 16 години беше во Чемпионшип, но Ливерпул чекаше 30 години за титула во Премиерлигата, неверојатно. Заслужено сте победници, перформанците на твојот тим беа исклучителни“ – вели поранешниот предводник на Манчестер јунајтед.

„Ќе ти простам што ме разбуди во 3 ипол наутро за да ми кажеш дека сте шампиони на Англија! Како и да е, го заслуживте ова. Браво“.