24фудбал

Севиља има позитивен фудбалер на коронавирус во пресрет на мечевите од Лига Европа

Екипата на Севиља има фудбалер од првиот тим кој е позитивен на коронавирус, тимот за осум дена треба да игра меч од Лига Европа против Рома.

Шпанија

Севиља соопшти дека има позитивен играч на коронавирус.

„Севиља веднаш ги информираше сите компетентни спортски и здравствени авторитети за случајот, играчот е изолиран, привремено суспендиран од тренинзите на тимот и од сите активности во тренинг центарот, стрикно ќе ги почитуваме протоколите за вакви ситуации“, се вели во соопштението на клубот.

Играчот немал симптоми и се наоѓа во добра здравствена состојба, неговиот идентитет засега не е познат.

Овој случај доаѓа брзо откако Реал Мадрид потврди дека нивниот фудбалер Мариано Диаз е позитивен на коронавирус.

За осум дена Севиља има натпревар од осминафиналето од Лига Европа против Рома.