24фудбал

Бенасер открива како Ибрахимовиќ влијае Милан да игра добро: Тој бара перфекција, ќе ве убие ако не сте такви

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер отркрива какво е влијанието на Ибрахимовиќ за добрите игри на росонерите во последно време.

Италија

Ибрахимовиќ во јануари пристигна во Милан, со неговото доаѓање тимот ја крена формата, особено по паузата поради коронавирусот. Росонерите имаат серија од 11 натпревари во Серија А без пораз.

Бенасер само потврдува дека влијанието на Ибрахимовиќ е огромно во тимот, тој е строг, но тоа им помага да се подобрат.

„Тој помага многу. Со него тука сакате да дадете повеќе, не сакате да загубите топка“, вели Бенасер.

„Мора да го дадете најдоброто од вас бидејќи тој бара перфекција и доколку не ја дадете, ќе ве убие“.

„Таков е, но во право е. Има право да вика кога ќе направите грешка и да не вели ништо кога играте добро“.

„Така учите и станувате фудбалер на највисоко ниво“.