24фудбал

Арапите се повлекоа од зделката вредна 300 милиони фунти, Њукал останува во соспственост на Мајк Ешли

Конзорциумот предводен од саудискиот инвестициски фонд ПИФ се повлече од намерата да го купи Њукасл, клубот од Сент Џејмс Парк останува во сопственост на Мајк Ешли.

Англија

На почетокот од годината, начелно беше постигнат договор за продажба на Њукасл за 300 милиони фунти. Се работеше за конзорциум предводен од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија ПИФ, кој требаше да поседува 80% од клубот а по 10% да добијат ПЦП Капитал Партнерс и Рубен Брадерс.

Но зделката наиде на многу пречки, од најразлични страни стигнаа барања до Премиерлигата да ја блокира продажбата. Проблем беше „пиратерија“ и емитување на натпреварите од најсилното првенство на Англија во Саудиска Арабија без притоа да се поседуваат ТВ правата.

Непочитување на човековите права, и убиството на новинарот Џамал Кашоги исто така се посочуваа како едни од причините зошто не треба да се даде амин, па процесот се одолговлекуваше.

Зделката на крај нема да се реализира, Арапите денеска се повлекоа од намерата да го купат Њукасл па клубот од Сент Џејмс Парк останува во сопственсот на Мајк Ешли.