24фудбал

Арсенал со пресврт го победи Челси и по 14. пат го освои ФА Купот! (ВИДЕО)

Арсенал го освои ФА Купот, Микел Артета дојде до првиот трофеј како тренер на топчиите, Челси почна одлично но потоа прими два гола, Обамејанг е херојот на мечот.

Англија

Лондонското дерби за трофејот од ФА Купот му припадна на Арсенал, оваа победа значи и пласман во Лига Европа за тимот на Микел Артета.

Ова беше 14. трофеј за Арсенал во ФА Купот, никој нема освоено повеќе трофеи од нив во ова натпреварување.

Микел Артета е првиот човек кој го освил ФА Купот со Арсенал и како капитен и како тренер.

Челси имаше одличен старт на мечот, по само пет минути игра Пулишиќ даде гол за водство од 1-0.

Во 28. минута Обамејанг избори пенал и реализираше од белата точка за израмнување на резултатот на 1-1.

По дваесетина минути игра во второто полувреме Обамејанг постигнува уште еден гол за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1.

Работите за Челси станаа уште потешки кога во 73. минута Ковачиќ престрого доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.

За жал натпреварот изобилуваше и со повреди и на двете страни.