24фудбал

Солшер не е задоволен од Де Хеа, смета дека Хендерсон не е подготвен за Манчестер јунајтед па сака да го купи Шмајхел

Медиумите од Англија пишуваат за сензационален трансфер, Мачестер јунајтед ќе се обиде да го ангажира Каспер Шмајхел, синот на легендата на „ѓаволите“, Петер Шмајхел.

Англија

Давид Де Хеа оваа сезона имаше неколку киксови кои скапо го чинеа Манчестер јунајтед, па често се пишува дека трпението на Оле Гунар Солшер е при крај, и големи се шансите Шпанецот да го изгуби првотимскиот статус и да биде продаден.

„Ѓаволите“ под договор имаат уште еден одличен голман, Дин Хендерсон две сезони блеска во Шефилд јунајтед и се промовираше во еден од најперспективните голмани на „островото“.

Сепак, според пишувањата на Сан, Оле Гунар Солшер има одредени сомнежи и смета дека младиот Дин Хендерсон не е подготвен да биде број 1 на Олд Трафорд.

Норвежанецот на ум има друга опција и сензационален трансфер на Каспер Шмајхел, синот на легендата на „ѓаволите, Петер Шмајхел.

Сан сепак не пишува колку милиони е подготвен да одвои Манчестер јунајтед, ниту пак која сума е потребна за Лестер да се раздели со голманот.