24фудбал

Пандев најави продолжување на соработката со Џенова: Моето срце е „црвено-сино“, одиме заедно уште една година

Горан Пандев на социјалните мрежи најави дека е подготвен да мине уште една сезона во Џенова, и изрази надеж одново да игра пред полн „Мараси" и од трибините да се слуша навивачка песна.

Македонија

Џенова го фати последниот воз за опстанок во Серија А откако синоќа со 3-0 ја совлада Верона во последното коло. Откако беше обезбедена нова сезона во најсилното првенство на Италија, Горан Пандев се огласи на социјалните мрежи и најави продолжување на соработката со популарните „Ил Грифоне“.

„Ова беше долга и тешка сезона. Фудбалот беше во втор план, чудо е што успеавме да ја финишираме сезоната. Животот продолжува и покрај многуте тешкотии. Обезбедивме опстанок. Среќен сум што играм за Џенова, среќен сум што опстанокот им донесе олеснување на сите „црвено-сини“ срца. Моето срце исто така подолго време е „црвено-сино“ и чука со надеж дека животот повторно ќе се вратил во нормала. Одиме напред со самодоверба! Оваа сезона заврши, следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да ги доживеам прегратките со навивачите, навивачката пенсна на луѓето, атмосферата на „Мараси“. Повторно заедно... Форца Џенова“ - гласеше пораката на Инстаграм.

Во изминатиов период, медиумите во неколку наврати објавија дека се е договорено помеѓу Горан Пандев и Енрико Прециози за Македонецот да остане уште една сезона, но до овој момент нема пристигнато официјално соопштение