24фудбал

Конте се јавувал во Јувентус и прашувал дали Сари ќе добие отказ?! Нечија глава ќе летне

Антонио Конте ќе поднесе тужба против новинарот кој му извади шпекулација дека се јавувал во Јувентус и прашувал дали Маурицио Сари ќе добие отказ, тужба ќе добие и директорот на весникот.

Италија

По победата над Аталанта и обезбеденото второ месот на табелата, стратегот жестоко распали по раководството на Интер, па медиумите почнаа да пишуваат дека тој заминува од „Џузепе Меаца“.

Иако Антонио Конте најави дека ќе мора да разговара со претседателот Стивен Жанг и ќе биде направена анализа по крајот на сезоната (по настапот во Лига Европа), голем број на ивори пренесоа дека штетата која е направена со коментарите е ненадоместлива, па стратегот сигурно ќе го напушти клубот и „нероаѕурите“ веќе ги идентификувале Макс Алегри и Маурисио Покетино како можни наследници.

Весникот Република отиде чекор подалеку и го поврза со сенационално враќање во Торино. Сторијата велеш дека Антонио Конте им се јавувал на директорите и играчите на Јувентус и прашувал дали Маурицио Сари ќе добие отказ.

Сето ова го изнервира тренерот на Интер, па тој најави тужба за новинарот кој ја извади шпекулацијата како и директорот на весникот.

„Ќе го тужам новинарот кој го напиша овој напис, како и директорот на весникот. Прифатив тригодишен проект со Интер, и како што секогаш сум правел во животот, ќе работам напорно и со сите сили ќе се борам за проектот да биде победнички“ - порача Антонио Конте.