24фудбал

Зидан откри што му кажал на Варан по мечот со Манчестер Сити

Рафаел Варан беше трагичар за Реал Мадрид, со два големи кикса му подари два гола на Манчестер Сити кои значеа и елиминација за кралскиот клуб. Зидан по мечот на својот сонародник му рекол само да ја крене главата горе.

Лига на Шампиони

На Реал Мадрид му беше тешко без Серхио Рамос, командантот во одбраната го немаше, па кралскиот клуб направи многу грешки, а две на Варан беа кобни.

По мечот шпанските новинари го прашаа Зидан што му кажал на Варан по мечот, а тој одговори: „Ништо посебно не му кажав, му реков само главата горе и ништо друго бидејќи 95% од тоа што го направија моите фудбалери беше спектакуларно. Тоа им го кажав на играчите“.

„Игравме два меча, ги загубивме и двата, па Сити заслужено оди понатаму“.

„Имавме многу добра сезона. Најважно вечерва беше да дадеме се од себе на теренот. Секако дека ни недостасуваа некои работи, но мора да бидеме среќни“.