24фудбал

Јувентус му даде отказ на Сари!

Сите италијанските медиуми пишуваат дека Маурицио Сари добил отказ, одлуката наскоро и официјално ќе биде соопштена од клубот.

Италија

Денеска се одржал итен кризен состанок меѓу претседателот Андреа Ањели, директорите на клубот и Маурицио Сари.

На Сари му се заблагодариле за досегашната работа и му врачиле отказ. Елиминацијата од Лигата на шампионите му пресуди на италијанскиот стратег.

Освојувањето на Скудетото не му донесе многу поени на Сари кај раководството кое веќе одамна цели на европска титула, успесите во домашното првенство се нешто нормално за Јувентус.

Најголем фаворит за наследник на Сари е Маурисио Покетино, а се споменува и името на Симоне Инзаги.