24фудбал

Отказот на Сари скапо ќе го чини Јувентус, позната е сумата која ќе треба да му ја дадат како обесштетување

Јувентус го отпушти Маурицио Сари по елиминацијата од Лигата на шампионите, но италијанскиот стратег ќе си замине со полна сметка.

Англија

Јувентус ќе треба да плати 20 милиони евра на Сари за отказот кој му го врачи. 11 одат на сметката на стратегот, а останатите се данок за државата.

Сари имаше договор со Јувентус до јуни 2022 според кој неговата нето заработка беше 5,5 милиони евра.

Доколку договорот не е раскинат на взаемна согласност, Јувентус ќе треба да му ја исплати целата плата. Тоа значи дека клубот ќе му исплати 11 милиони евра нето на Сари, што е 20,3 милиони бруто, тоа е сумата која ќе се одлее од нивната сметка.

„Јувентус сака да соопшти дека Маурицио Сари е ослободен од неговите обврски како тренер на првиот тим. Клубот сака да му заблагодари на тренерот што испиша нова страница во историјата на Јувентус со освојувањето на деветтото по ред Скудето“, стои во официјалното соопштение на Јуве за отказот на Сари.