24фудбал

Судбината на Сари била решена уште пред да почне мечот со Лион

Директорот на Јуве, Фабио Паратичи потврди дека одлуката за смена на Маурицио Сари ја донеле уште пред дуелот со Лион.

Италија

Денеска возбудлив ден во канцелариите на Јувентус, најпрво утринава му врачија отказ на Сари, а неколку часа подоцна го назначија Пирло за негов наследник.

„Веќе ја имавме донесено одлуката пред мечот со Лион. И претходно рековме дека одлуката за иднината на тренерот нема да биде одлучена за еден меч. Нашата анализа беше направена за цела сезона, не само за еден натпревар“, вели Паратичи.

„Одлуката Пирло да биде новиот тренер беше многу природна, во стилот на Јувентус, бидејќи многу добро го познаваме, тој играше со нас, отсекогаш беше во контакт со сите нас“.

„Исто така веруваме дека неговата судбина е да прави големи работи. Беше голем фудбалер и сметаме дека со самодовербата која ја има ќе биде исто таков и тренер“.

„Андреа во неговиот ум им ист пристап за тренер каков што имаше и за фудбалер. Тоа е квалитетен фудбал и напорна работа“.