24фудбал

Инсиње: Барселона не беше подобра од нас, беше само попрецизна

Лоренцо Инсиње вели дека е разочаран од елиминацијата од Барселона, особено затоа што не беа надиграни.

Шпанија

Наполи имаше шанси, но не ги искористи, погоди само еднаш од пенал, што не беше доволно да се елиминира големата Барселона.

„Разочарани сме што сме елиминирани. Се обидовме и знаевме дека ќе биде тешко, натпреварот беше против одличен тим. Можевме да направиме повеќе во првото полувреме, севкупно покажавме добри перформанси, но разочарани сме што сме елиминирани“, вели Инсиње.

Статистиката вели дека Наполи имаше повеќе посед, два пати повеќе шутеви, два пати ја погоди стативата и комплетираше речиси исто пасови со Барселона.

„Навистина не мислам дека Барселона одигра нешто подобро од нас освен во завршницата на шансите, ние не ги искористивме. Сега сакаме да ги наполниме батериите и да се подготвиме за новата сезона, почнувајќи од почеток со овој тренер бидејќи имаме голем потенцијал“.