24фудбал

По промената на тренерот, Јувентус ќе прави голема чистка: На продажба се ставени дури 10 фудбалери!

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Јувентус во следните месец дена ќе се обиде да направи реконструкција на тимот, на продажба се ставени дури 10 фудбалери.

Италија

„Старата дама“ синоќа се раздели со Маурицио Сари по само една сезона, и на големо изненадување го именуваше Андреа Пирло за нов предводник. По промената на тренерот, Јувентус во следните месец дена ќе прави голема чистка.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, клубот ќе се ослободи од играчите кои имаат високи плати и оние кои не одиграа на потребното ниво оваа сезона, а ќе бидат донесени млади, мотивирани, но пред се, фудбалери кои ќе заработуваат помалку.

Од Торино може да си заминат дури десет играчи, а први на списокот се Гонзало Игуаин и Сами Кедира. ГДС вели дека куферите практично ги имаат спакувано Даглас Коста, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матија Де Шиљо и Даниеле Ругани.

Доколку пристигнат примамливи понуди за Алекс Сандро и Данило, Бразилците ќе го напуштат Јувентус, а се очекува да замине и Блес Матуиди.