24фудбал

Атлетико Мадрид го откри идентитетот на заразените фудбалери и соопшти дека нема нови позитивни

Атлетико Мадрид соопшти кои двајца фудбалери се позитивни на ковид-19 и информира дека нема новозаразени по последното тестирање.

Шпанија

Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се фудбалерите на Атлетико Мадрид кои се позитивни на коронавирус, клубот потврди денеска. Двајцата се во самоизолација каде што ќе останат додека не бидат негативни и ќе бидат надгледувани од клупските доктори.

Двајцата фудбалери се асимптоматични. Атлетико Мадрид ќе го загуби само Кореа за дуелот со Лајпциг бидејќи Врсаљко и онака немаше да игра, тој се опоравува од повреда.

Клубот соопшти дека синоќа повторно им биле направени тестови на сите останати членови и сите биле негативни.

Атлетико Мадрид утре патува во Лисабон каде во четврток ќе игра четвртфинале против Лајпциг во Лигата на шампионите.