24фудбал

Директорот на Дортмунд го разочара Манчестер јунајтед: Санчо нема да биде продаден, крај на приказната

Директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк децидно одговори дека Џејдон Санчо нема да биде продаден ова лето, тој ќе остане во германскиот тим.

Англија

Иако се пишува дека Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд сигурно ќе постигнат договор за трансфер на Џејдон Санчо, тоа нема да се случи.

Во план ни е да го имаме Џејдон Санчо во нашиот тим оваа сезона, одлуката е конечна. Мислам дека ова е одговор на сите ваши прашања“, им соопшти Цорк на новинарите пред почетокот на подготовките за новата сезона.

„Минатото лето ја прилагодивме платата на Џејдон во сооднос со неговиот развој и резултати. Па тој веќе тогаш го продолжи договорот до 2023 година“.

Борусија Дортмунд денеска ги почна подготовките за новата сезона, а на списокот од играчи кои отпатуваа во Швајцарија беше и Џејдон Санчо.