24фудбал

„Заха во Арсенал“ - ѕвездата на Палас се правда за тоа што се случи во ноќниот клуб (ВИДЕО)

Извесен период еден од најдобрите дриблери во Премиерлигата се поврзува со можен трансфер во редовите на „Топчиите“, а бурни реакции на Островот имаше по видеото кое се појави на социјалните мрежи каде во еден ноќен клуб осамна пораката „Заха во Арсенал“, а офанзивецот немаше ништо против истата.

Англија

И ова лето се шпекулира дека Вилфред Заха би можел да го напушти составот на Кристал Палас, каде е вистински двигател на играта, на Островот тамошните медиуми на големо го поврзуваат со трансфер во Арсенал.

На социјалните мрежи излезе и видео на кое се гледа дека Заха е на забава во ноќен клуб, а во истиот осамна и порака „Заха во Арсенал“, порака за која немаше ништо против ниту самиот фудбалер, кој денеска мораше да се „оправдува“ пред јавноста.


Јас само уживам во моето слободно време, не можам да контролирам сешто прават другите“ напиша Заха на социјалните мрежи, оградувајќи се од шпекулациите за можен трансфер во Арсенал ова лето.

Говорејќи на темата околу 27 годишниот фудбалер со потекло од Брегот на Слоновата Коска, а воедно и со англиско државјанство, шефот на стручниот штаб на Кристал Палас, Рој Хоџсон не криеше дека ѕвездата јасно посочил дека сака нов предизвик во својата кариера.

„Вилфред стави јасно дознаење, дури откако дојдов во клубов, дека посакува нов предизвик во својата кариера“ рече искусниот фудбалски стратег пред некоја седмица, додавајќи дека станува збор за фудбалер со голема цена, алудирајќи на фактот дека Кристал Палас нема туку-така да прифати негова продажба.

Како и да е, Заха има важечки договор со клубот од Лондон до 2023. година, се „препороди“ по враќањето во Кристал Палас по лошата епизода во Манчестер јунајтед во 2015. година.