24фудбал

Леверкузен испадна, Хаверц наскоро пристигнува во Челси

Според информациите од Англија, Челси се договорил со Каи Хаверц и тој наскоро ќе стави потпис на петгодишен договор со лондонскиот клуб.

Англија

Сезоната на Каи Хаверц со Баер Леверкузен заврши синоќа кога германскиот клуб испадна од Лига Европа по поразот од Интер.

Тоа значи дека многу наскоро ќе се знае иднината на фудбалерот. Англиските медиуми сугерираат дека тој ќе биде ново засилување за Челси.

„Сан“ тврди дека Челси постигнал согласност со Хаверц за петгодишен договор.

Останува двата клуба да ги договорат деталите и тој да се пресели во Премиерлигата.